Испитување за CORONA COVID-19 вирусот

corona-test

Почнувајќи од 26.6.2020 во ЛАОР молекуларно-генетската лабораторијa на адреса ул. 29 Ноември бр.1 Тетово ќе се врши тестирање за вирусот Covid-19. Тестирањето ќе биде со земање брис од нос, обработен со Real Time-PCR метода за чија изработка нашата лабораторија поседува сертификат за акредитација.


– Постапката за закажување и земање на примерок е на телефон 075-273-746 од понеделник до сабота од 8 до 14 часот.
– При телефонско закажување од пациентот се земаат податоци за евиденција според упатството на СЗО.
– На закажаниот термин неопходно е пациентот да дојде на горенаведената адреса со автомобил.
– Примерок се зема на брз и безбеден начин – директно од автомобил.
– Резултатите ќе бидат готови за половина час и за нив пациентот ќе биде телефонски известен.

Нашиот тим од обучени лаборанти го земаат примерокот од пациентот додека тој е во автомобилот со кој допатувал со цел да се намали контактот и да се минимизира ризикот од пренесување. Резултатите од ова тестирање освен податоци за присуство или отсуство на Covid-19, содржат и дополнителни податоци за детекција на други видови корона вируси причинители на респираторни заболувања.