Што нудиме ние?

medical-treatment-медицински-третман

Првокласен медицински третман, компетентна нега, модерен менаџмент.

Затоа во Лаор лабораториите и во ПЗУ Меркур  работат лекари со висока професионалност и персонал целосно посветен на задачите. Медицинското know-how e прва обврска што ја имаме кон пациентите. Постојано си поставуваме високи стандарди кога се работи за нашите пациенти. 

Нашиот тим на лекари  секогаш најсериозно ја разбира вашата загриженост за здравјето и ќе го направи најдоброто за вас.

Секоја наша услуга, секој чекор во третманот на пациентот прецизно се објаснува. И за секој чекор ја бараме вашата согласност. Нашиот модел на однос лекар пациент е однос на заемна соработка. Секогаш ќе настојуваме да изградиме однос на меѓусебна доверба.

 Во Лаор лабораториите и во ПЗУ Меркур  докторот има должност пациентите да ги третира на ист начин, без оглед на нивната верска, национална, политичка и друга припадност. Нашите доктори сите пациенти ги сметаат за еднакви и им даваат подеднаков третман во процесот на лечење. Свесни сме дека денес пациентите се поактивни, пообразовани и повеќе очекуваат да добијат  како  медицинска услуга.  Знаеме дека  се  поспремни да го бараат најдобриот доктор. Затоа постојано се трудиме да ги вработиме најдобрите. И постојано ги вреднуваме нивните  активности.