ПЗУ Меркур има склучено договор со Фондот за здравствено осигурување на РМ, за избран лекар од примарната здравствена заштита. Пациентот го остварува правото да се лекува на товар на фондот.
Ние во ПЗУ Меркур сме комплетно посветени на постојано одржување на квалитетот на работа на највисоко ниво. Нашите пациенти се центарот на нашата работа. Во сѐ што правиме, фокусирани сме да испорачаме најдобри можни услуги за нашите пациенти. Се стремиме да испорачаме најширока палета на услуги со врвен квалитет за потребите на современата медицинска дијагностика и да бидеме избран партнер за професионалците во здравствениот систем и пациентите во регионот. Ние не забораваме дека кај докторот доаѓа човечко суштество кое страда, а не само болен дел од телото.