Затоа во Лаор лабораториите и во ПЗУ Меркур работат лекари со висока професионалност и персонал целосно посветен на задачите. Медицинското know-how e прва обврска што ја имаме кон пациентите. Постојано си поставуваме високи стандарди кога се работи за нашите пациенти.
Нашиот тим на лекари секогаш најсериозно ја разбира вашата загриженост за здравјето и ќе го направи најдоброто за вас.
Секоја наша услуга, секој чекор во третманот на пациентот прецизно се објаснува. И за секој чекор ја бараме вашата согласност. Нашиот модел на однос лекар пациент е однос на заемна соработка. Секогаш ќе настојуваме да изградиме однос на меѓусебна доверба.
Во Лаор лабораториите и во ПЗУ Меркур докторот има должност пациентите да ги третира на ист начин, без оглед на нивната верска, национална, политичка и друга припадност. Нашите доктори сите пациенти ги сметаат за еднакви и им даваат подеднаков третман во процесот на лечење. Свесни сме дека денес пациентите се поактивни, пообразовани и повеќе очекуваат да добијат како медицинска услуга. Знаеме дека се поспремни да го бараат најдобриот доктор. Затоа постојано се трудиме да ги вработиме најдобрите. И постојано ги вреднуваме нивните активности.