Ординации по општа медицина

laor-opshta-medicina
  • Медицински преглед во општа амбуланта или во домашни услови, која опфаќа анамнеза, општ и локален статус, оценка на здравствена состојба и оценка на медицински проблем
  • Дијагностика, лечење, водење на болести и состојби и медицинска рехабилитација
  • Унапредување на здравјето, превенција и профилакса
  • Подготвување на документација за упатување на инвалидска пензија
  • Издавање на упати, рецепти и друга медицинска документација од доменот на примарна здравствена заштита, со кус опис на болеста, работна документација и пропратна документација
  • Апликација на кутана, субкутана, интрамускулна и венска инекција
  • Поставување на венска линија
  • Интравенозна инфузија
  • Употреба и интерпретација на уринарни стикови и на брзи тестови за бременост
  • Стандардно ЕКГ
  • Предна носна тампонада, спречување на крварење
  • Отстранување на страно тело од слушен канал
  • Испирање на надворешен слушен канал и отстранување на церумент
  • Отоскопија: оценка на инфекција на надворешен слушен канал и промени на мембрана тимпани
  • Обработка на рана и припрема за упатување, во колку е потребно
  • Преврска и механичка хемостаза
  • Отстранување на страно тело од поткожно ткиво
  • Поставување на привремена имобилизација и шанцова крагња
  • Инцизија на мали мекоткивни инфекции
  • Употреба на Пикфлоуметар за проценка на респираторна функција
  • Небуларизација, употреба на различни инхалатори, интерпретација на реверзибилен тест
  • Ректален преглед
  • Мануелен преглед на дојка