Биохемиските Лаборатории „ЛАОР“ од Тетово претставуваат приватна здравствена установа, која опфаќа три биохемиски лаборатории и една молекуларно-генетска лабораторија.
ПЗУ Меркур е формирана во 2006 година, а од 2010 година ја прошири својата дејност со отворање на ЛАОР лабораториите. Денес овие лаборатории се прв избор на избраните лекари во Тетово и околината, и нудат најсовремени и специфични биохемиски и молекуларно-генетски анализи.
ЛАОР Лабораториите се наоѓаат на 4 локации во нови, современи и лесно пристапни објекти, целосно ориентирани на барањата и потребите на пациентите од сите категории (деца, возрасни, пациенти со инвалидитет). Со својот броен и високо стручен кадар, нудат навремени и точни испитувања.
ЛАОР Лабораториите имаат склучено договор со Фондот за здравствено осигурување на РМ, за изработка на лабораториски анализи од лабораториски упат- образец ЛУ-1, издаден од избран лекар од примарната здравствена заштита. Пациентот го остварува правото да ги изработи овие анализи на товар на фондот, со валиден упат од матичен лекар.
Лабораториите се дефинирани како „нервен центар на дијагностичка медицина“, бидејќи даваат основни информации не само за дијагностицирање и следење, туку и за скрининг, превенција, рано дијагностицирање, прилагодено лекување и поефективно следење на болестите кај човекот.
Лабораториските информации им овозможуваат на лекарите и другите здравствени работници да донесат соодветни дијагностички или терапевтски решенија засновани врз докази за своите пациенти. Лабораториските услуги се најефикасни, најмалку инвазивни извори на објективните информации што се користат при одлуките на лекарите. Лабораториски услуги имаат директно влијание врз многу аспекти на грижата за пациентите, вклучувајќи, но не ограничувајќи се на успехот на лекувањето, безбедноста на пациентот, искористеноста на ресурсите и задоволството на пациентите